Каква мајка – таква ќерка: Додека едната се шета гола и влакнеста, другата бара внимание со разголени фотографии!

Скандалозното однесување на Мадона и ќерка ѝ

Многумина коментираат „каква мајка – таква ќерка“

Во последно време, често се зборува за дискутабилната здравствена состојба на Мадона. Имено, кралицата на поп-музиката неколку пати била најдена онесвестена, по што завршувала на интензивна нега.

На сите им е јасно дека Мадона има силна желба да го врати времето назад. Во таа очајна желба, таа прибегнува кон сите можни антиејџ-третмани и естетски корекции, за да ги измазни сите брчки што настанале во текот на нејзините 64 години. Меѓутоа, желбата да изгледа како девојка во зрелите години се одразила контрапродуктивно.

Освен што подлегнува на разни третмани за подмладување, нејзините постапки во јавноста се повеќе од скандалозни. Имено, Мадона често се слика во непримерни и бизарни изданија, а таа бизарност оди толку далеку што социјалните мрежи се преплавени со фотографии на кои Мадона лиже дилдо. Исто така, позите во кои се слика многумина ги карактеризираат како дегутантни, па се поставува прашањето: што не е во ред со неа?

Од друга страна, нејзината ќерка Лурдес Ленон, исто така, е во центарот на интересот поради честите појавувања во јавност во непримерни изданија. Имено, Лурдес неколку пати се појавила практично гола, а позната е и по тоа што не води сметка за својата хигиена.

Имено, влакната под пазувите и другите места на телото се појава што Лурдес одлучува да ја игнорира.

Познато е дека се залагала за тоа дека жената не мора секогаш да биде депилирана за да биде убава и привлечна, па на секој настан се појавувала влакнеста од глава до пети. Многумина го критикуваат нејзиниот став, истакнувајќи дека тоа, сепак, е прашање на лична хигиена.

Мадона ја добила Лурдес од врската со тренерот Карлос Леон, со кого била во врска во 1990-тите години. Но таа врска завршила кратко по раѓањето на Лурдес.

Многумина коментираат дека немало кој да ја воспита Лурдес, па често може да се чуе коментарот: „каква мајка – таква ќерка“.

Триумфално враќање на Мадона: „Мислевте дека нема да се извлечам, дека ќе умрам?“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.