Да појасниме: Леонардо Дикаприо „рамо до рамо“ со режисерката на „Медена земја“ (ФОТО)

Нема лабаво!

Тамара Котевска, режисерката на „Медена земја“, за фотографијата на која се гледа како стои до филмската ѕвезда Леонардо Дикаприо појасни дека оскаровецот стои до неа, а не обратно.

Да појасниме… Не стоев јас до него. Тој стои до мене. (Јас имам 2 номинации оваа година)“, напиша режисерката на Фејсбук.

Членовите на екипата на „Медена земја“ на Фејсбук споделија фотографии на кои стојат „рамо до рамо“ со најголемите актери, режисери и филмски работници, како Леонардо Дикаприо, Бред Пит, Ал Пачино, Квентин Тарантино, Роберт де Ниро и други звучни имиња.

Фото: Facebook Tamara Kotevska

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.