Срцето на Бред Пит е скршено по последните обвинувања од Анџелина Џоли

Актерот не ја крие тагата

Анџелина Џоли во борбата за старателство го обвини бившиот сопруг Бред Пит дека е насилник и со тоа му го скрши срцето на холивудскиот заводник, пренесуваат странските медиуми.

Битката за старателство над нивните шест деца продолжува, иако документите за развод меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит беа поднесени уште во 2016 година. И во нивниот случај, сè оди – чекор напред, два назад – и така натаму пет години. А токму кога сè изгледа идеално и кога се чини дека ќе завршат сите овие судски процеси, рочишта и докази, се појавува ново нешто во низата.

Во последното, 45-годишната Анџелина Џоли поднесе документи до судот во кои жестоко го обвинува својот поранешен сопруг, 57-годишниот Бред Пит, за семејно малтретирање, додавајќи дека таа и нивните деца се подготвени да сведочат против него и презентираат валидни докази.

Фото: Getty Images

Тој нејзин потег го скрши Бред Пит до крај, кој не може да поверува што му направи неговата поранешна сопруга.

На Бред му е скршено срцето затоа што Анџелина решила да оди по тој пат. Многу емоции останаа неизречени по нивниот брак. Тој е доволно паметен да преземе одговорност за сите свои лоши постапки, вклучително и дека престанал да пие алкохол. Нивниот брак беше исклучително страствен, но истовремено и токсичен, и како двојка имаа многу кавги, но и многу љубов“, откри извор близок до холивудскиот актер, додавајќи дека Брет Пит никогаш не бил уапсен или обвинет за злоупотреба или физички напад за време на неговиот брак со Анџелина Џоли, и нема полициски извештај за нејзините наводи.

Сето ова дополнително го отуѓи Бред Пит од нивните деца, правејќи го очаен. Судењето најверојатно ќе заврши крајот следниот месец.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.