Досега невидена снимка: Изразот на лицето на принцезата Дијана е морничав – згасува сјајот во нејзините очи (ВИДЕО)

Снимена на нивната свршувачка

Ова е една од ретките ситуации на кои што незадоволството на принцезата од Велс е очигледно и покрај тоа што таа настојува да го сокрие, пренесува „Дејли мејл“.

Дека животот на принцезата Дијана можеби бил потрагичен од тоа што го знаеме, дека поголемиот дел од тоа што јавноста го виде и го знае за Чарлс било лага – докажуваат новооткриените снимки од свршувачката на двојката.

И покрај тоа што снимката датира од 1981 година, дури сега се појави во јавноста, а подобро и од било што досега го отсликува напнатиот однос меѓу принцезата и Чарлс.

Имено, на тогаш младиот пар му било поставено прашањето „дали се сакате“, и додека Леди Ди одговорила „секако“, Чарлс одлучил да даде поинаков одговор: „Што и да значи љубовта“, прокоментирал тој, по што следуваат низа непријатни емоции на лицето на принцезата.

Имено, видеоснимката беше монтирана  така што јавноста не го слушаше одговорот на Чарлс, но необработените снимки беа емитувани во неделата на телевизијата „Калан 5“.

Експертите за кралското семејство тврдат дека тоа е „шокантно“ и „неверојатно“.

Изразот на нејзиното лице е речит. Никогаш претходно не сум видел таа толку јасно да покажува незадоволство пред камерите, тоа е одлична снимка“, вели историчарот за кралското семејство Пирс Брендон.

Од друга страна Ричард Кеј додал дека тишината меѓу нив по кажаниот коментар е морничава:

Всушност може да видите како згасна сјајот во нејзините очи. За неа тогаш цел свет се сруши“, вели биографот на Дајана – Ендрју Мортон.

Видео: Youtube

Φοτο: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.