Соседите откриваат детали од животот на Вељко и Богдана: А еве што направила Цеца за синот и снаата

Пола Тител е нивни!

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана, откако на свет го донесоа својот син Жељко, ги спакуваа куферите и се преселија во Тител, родното место на снаата на Цеца.

Таму, родителите на Богдана имаат голем имот и фарма за пилиња, мешутоа, Вељко и таа живеат во друга куќа со базен, кој им го изградила популарната пејачка, откриваат соседите.

Прекрасни се, се дружат и со нашите деца. Вељко често поминува оттука, многу е културен и фин. Има големи кучиња, кои умеат да бидат гласни и да лаат, па секогаш ги прашува најблиските соседи дали им пречат. Сосетката до нив им кажа еднаш дека сака кучиња, но не големи како неговите, туку мали. По неколку дена, Вељко ѝ купи малечок малтезер, за кого таа многу се врза. Не можевме да поверуваме колку е добар“, раскажува блиска сосетка.

На Богдан и Вељко Цеца им направи базен, тоа е многу голем плац, на кој можат да се изградат четири куќи. Тоа го направи заради малиот Жељко, но Богдана најмногу го користеше, така ја дотера линијата по породувањето. Вељко сака што живее во Тител, тој не сака метеж. Еднаш имаше недоразбирање со едни соседи, кои гласно пуштаа музика, а тој едвај го заспа Жељко и се плашеше дека ќе го разбудат. Им понуди пијачки и храна, што ќе посакаат, само да ја намалат музиката, па ги изгладија односите. Сепак, тој ѝ е син на Цеца, можеше да се прави важен, но не е таков воопшто“, открива друг сосед за порталот „Србија данас“.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.