Силвио Берлускони во деветтата деценија се перчи со 53 години помладата девојка: Поради неа ја откачил бившата!

Цути покрај русокосата

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) не запира – вештините за заведување сè уште добро го служат

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) се перчи на социјалните мрежи со својата врска со 53 години помладата девојка Марта Фашина, додека во текот на последната фаза „јури“ по италијанското претседателство.

Берлускони, навидум непоразен од здравствените проблеми, сексуалните скандали и годините, објавил фотографија на Фејсбук, на која насмеан се гледа очи в очи со својата 32-годишната девојка Марта Фашина, посакувајќи ѝ среќен роденден.

Фашина е најновиот „љубовен трофеј“ на Берлускони откако ја раскина својата претходна 12-годишна врска со Франческа Паскале во 2020 година, која како 34-годишна жена во зрелите години, била едноставно престара за него.

Минатата година јавноста беше во шок кога Берлускони ја остави својата 34-годишна девојка, ни помалку ни повеќе, туку за уште помлада девојка.

 

„Секогаш ќе ми биде драг. Му ја посакувам сета среќа на светот и се надевам дека ќе најде некој што ќе се грижи за него како мене“, рекла Франческа тогаш, која италијанските медиуми ја наведуваат како виновна за распадот на врската.

Имено, таа наводно постојано инсистирала Берлускони да се ожени со неа, па изгледа дека таквиот став довел до тоа да биде оставена.

https://twitter.com/teddyeugene/status/1235801588431638529?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1235801588431638529%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fsex%2Fljubav-zavodenje%2F168599%2Fsilvio-berluskoni-ljubavni-zivot

Кога Берлускони ѝ соопштил дека сака да раскинат, таа била многу изненадена од неговата одлука. Сепак, мирно се разделиле и Франческа останала да живее во луксузната вила што претходно ѝ ја купил Берлускони.

Да се потсетиме, врската со Фашина беше откриена кога таблоидот Chi објави фотографии на кои се држат за раце.

https://twitter.com/hipsterdelcazzo/status/1293255114178940932?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1293255114178940932%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fsex%2Fljubav-zavodenje%2F168599%2Fsilvio-berluskoni-ljubavni-zivot

Се зборуваше дека Силвио Берлускони намерно дозволил оваа фотографија да излезе во јавност за да ѝ се одмазди на својата поранешна партнерка Франческа Паскале (35), барем според италијанските медиуми.

За неа не прашува што колку чини: Роберто Кавали потрошил 3 милиони евра на 40 години помладата љубовница!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.