За неа не прашува што колку чини: Роберто Кавали потрошил 3 милиони евра на 40 години помладата љубовница!

Роберто Кавали и Сандра Нилсон

Сандра Нилсон дефинитивно знае како е да се живее во луксуз, особено откако нејзиниот партнер, познатиот дизајнер Роберто Кавали, купил остров во Шведска со луксузна вила. И покрај големата разлика во годините, тие уживаат во љубовта и постојано истакнуваат дека се најголемата поддршка еден за друг

Модниот дизајнер Роберто Кавали, кој неодамна го прослави 81-от роденден, на својата девојка ѝ подарил многу специфичен подарок – викиншка тврдина од 11 век во Шведска на приватниот остров, кој чини 3 милиони евра. Така, Сандра Нилсон, која е 45 години помлада од својот избраник, станала новата сопственичка на остров во својата родна земја, недалеку од Стокхолм.

На островот има и огромна вила со четири спални соби, оддел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина.

Некогашната манекенка, која е 45 години помлада од Кавали, на островот може да џогира колку сака на уредените патеки долги 1,5 км, а островот има и приватно пристаниште со траект, кој собира 10 лица.

Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога тој се развел од сопругата во 2010 година, а заедно се наводно од 2014 година. Со неа Кавали, како што вели, го нашол својот мир, таа е неговата муза и вистинска љубов и воопшто не се грижат за разликата во годините.

А која е Сандра Нилсон?

Родена на 17 февруари 1985 година во Шведска, таа рано почнала да работи во модната индустрија. Кога имала 14 години, скаути од една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – крупни сини очи карактеристични за Швеѓаните и кафеава коса, која е реткост во нордиските земји.

Низ годините освојувала награди, меѓу кои и за Мис на Европа, Мис бикини на светот, Мис Хаваи и на крајот, за најубава жена во Шведска, а била и модел за „Плејбој“.

Со текот на времето, нејзината кариера почнала да избледува, но токму тогаш почнала да блеска љубовта со Роберт.

Неодамна, Кавали се вакцинирал против ковид-19, а за Сандра напишал:

„Ме штитиш од секој вирус“.

Моника Белучи го откри 18 години помладиот љубовник (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.