Отмената наследничка што го заробила срцето на внукот на Грејс Кели: Која е Биатрис Боромео, жената за чиј стил зборува целиот свет?

Биатрис Боромео

Таа е италијанска новинарка со аристократско потекло и сопруга на внукот на познатата Грејс Кели

Иако деновиве се зборува дека Алесандра де Осма, сопругата на принцот Кристијан од Хановер е најдобро облечената принцеза во Европа, вистината е дека Биатрис Боромео, снаата на покојната Грејс Кели, е најдобро стилизираната дама со кралска крв.

Биатрис Боромео е италијанска новинарка со аристократско потекло и сопруга на Пјер Казираги, кој е син на принцезата Каролина од Монако и внук на познатата Грејс Кели.

Еволуцијата на нејзиниот стил започнала уште кога Биатрис работела како модел, а сега оваа девојка со својата модна појава зад себе ги оставила и познатите кралски дами Кејт, Меган и Летиција.

Биатрис на својата венчавка во Монако носела не една, туку четири венчаници: две со потпис на „Валентино“, а две од куќата „Армани Приве“, што е доволен знак за каква модна експертка станува збор.

На црвениот килим се забележува склоноста на принцезата Биатрис кон балските фустани, кои благодарение на својата вродена префинетост, успева да ги износи на највисоко ниво.

За поформални пригоди, често одбира капути на „Џорџо Армани“, додека во дневните комбинации неретко носи фустани од „Алберта Ферети“ и „Диор“.

Пред самата модна ревија на Диор за пролет/лето 2021, парискиот бренд ја поканил да стане амбасадор на куќата, па во таа пригода видовме и како изгледа кога Биатрис носи лежерен комбинезон во комбинација со трендовски патики.

Која е всушност Биатрис Боромео?

Таа е мајка

Заедно со својот сопруг, Биатрис има два сина: Стефан и Франческо.

Дипломирала на колеџ во Ајви лигата

Учела во некои од најдобрите школи на светот, а магистрирала новинарство во 2012 година на Колумбискиот универзитет.

Таа е ќерка на гроф

Нејзин татко е Дон Карло Фердинандо Боромео, гроф од Арона, а нејзината мајка е грофицата Дона Паола Маркото.

Нејзиното семејство поседува острови

Нејзиното потекло вклучува некои од најпознатите Италијанци на светот. Нејзиното семејство е многу богато и ги поседува повеќето од Боромејските острови, кои се наоѓаат во Лаго Маџоре.

Таа е атеист

Иако е во сродство со кардиналот на Римокатоличката црква, кој подоцна бил канонизиран за светец, Биатрис се смета себеси за атеист.

Таа е најубавата и најдобро облечената принцеза во Европа: Го запознала принцот на 14 години и го освоила модниот свет!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.