Моника Белучи го откри 18 години помладиот љубовник (ФОТО)

Веќе не го крие

Моника Белучи дури и во петтата деценија од животот изгледа одлично, па затоа е во врска со 18-години помлад партнер.

По разводот со Винсент Касел во 2013 година, со кого ги има ќерките Дева и Леон, долго време се шпекулираше за љубовниот живот на популарната актерка, која важи за една од најубавите жени.

Актерката во последно време се појавува во јавноста со Николас Лефебвре, француски скулптор и поранешен модел. Се смета дека се во врска од 2017 година.

Веќе некое време сум со истиот човек и се’ е во ред. Тој не ја работи истата работа како мене, но патува многу. Така што неговото темпо на живот му овозможува да го разбере моето“, изјави Моника Белучи за француските медиуми во 2019 година.

Лефебвре е првиот човек со кој Моника јавно се забавува откако се разведе со сопругот Винсент Касел во 2013 година. Тој има 37 години и живее во Париз.

Пред Винсент, Моника беше во брак со фотографот Клаудио Бас во 1990 година, но тие се разведоа по четири години. Во 1996 година, таа одигра важна улога во францускиот филм „Апартман“, каде што го запозна Винсент Касел, со кого подоцна се омажи, и интересно е што двојката живееше во оделни станови.

Фото: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.