Пенелопе Круз ги стаписа сите со својот изглед: Еве зошто (ФОТО)

Што мислите вие?

Пенелопе Круз важи за актерка која старее природно. Во филмовите, а и во текот на премиерата брчките беа јасно видливи на нејзиното лице. И овој пат актерката не сакаше да изгледа поинаку, па на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција се појави во смело издание.

Имено, и покрај фактот што на жените во петата деценија од животот не им се препорачува да ја собираат косата, носат темна шминка и фустани, бидејќи тоа додава години – Пенелопе го направи токму тоа.

Ја залижа црната коса во низок кок, нанесе виолетов кармин на усните и носеше прекрасен фустан на модната куќа „Шанел“.

Овој двобоен фустан е од колекцијата за есента 2021 година. Црн, тесен, со широки прерамки и „искинато“ здолниште од кое извира бел тул, фустанот е како да е создаден за црвениот тепих.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.