Емотивно обраќање на популарниот актер на покојната сопруга: „Само ти, љубовта на мојот живот!“ (ВИДЕО)

Тажно

Ричард Грант (64) и Џоун Вашингтон имаа неверојатна љубовна приказна. Додека холивудската индустрија стана жариште на пропаднати бракови на славните, бракот на популарниот актер траеше 35 години.

Двојката се запознала на почетокот на 1980-те, а се венчала во 1986 година. Џоун од првиот брак го има синот Томас, а со Ричард ќерката Оливија.

Пред два дена, популарниот актер ѝ оддаде чест на својата сопруга која почина претходната вечер.

Само ти! Џоун – љубовта на мојот живот, ти која ѝ даде живот на нашата ќерка Оливија. Нашите срца се скршени поради оваа загуба”, напиша глумецот во твитот.


Немој да нѐ заборавиш, слатка моја”, додаде Ричард под видеото кое го објавил на кое танцува со сопругата.

Заедно биле 38 години, додека во брак поминале 35 преубави години.

Видео: Твитер

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.