Најмеките домашни кроасани што некогаш сте ги пробале: Се топат во уста! (ВИДЕО)

Рај за непцата

Одличен рецепт што ќе ви помогне да ги приготвите најубавите и најмеките кроасани

Меки, нежни, воздушести кроасани што се топат во уста. Кроасаните направени дома можат да бидат исто толку меки и вкусни како купечките, а можете и да ги филувате по ваш вкус, со чоколадо или џем, на пример.

Состојки:
  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 300 мл млако млеко
  • 50 г стопен путер
  • 670 г брашно
  • 10 г сув квасец
  • 1 лажиче сол
Приготвување:
  • Во сад скршете две цели јајца, додајте шеќер, топло млеко, стопен путер и сето тоа добро измешајте го, па додајте брашно, квасец и сол.
  • Добро замесете ги сите состојки додека добиете хомогена смеса и оставете ја да отстои 90 минути.
  • Потоа, повторно премесете го тестото и поделете го на два дела.
  • Рамномерно расучете го со сукало, премачкајте го со стопен путер и пресечете го на еднакви триаголници.
  • Секој од нив внимателно расечете го со нож во должина, само по работ и потоа завиткајте го во кифличка.
  • Истата постапка повторете ја со другата половина од тестото.
  • Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да отстојат 25 минути.
  • Пред печење, премачкајте ги со смеса од една жолчка и малку млеко.
  • Ставете ги во претходно загреана рерна на 220 степени и печете ги 20 минути.
  • Кога ќе бидат готови, додека уште се топли, премачкајте ги со стопен путер.

Погледнете го видеото за подетални упатства и уживајте во највкусните кроасани!

Вкусен и неверојатно кремлив: Колач со кроасани што се прави за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.