Вкусен и неверојатно кремлив: Колач со кроасани што се прави за миг!

Чоколадно уживање

Неверојатно вкусен колач што се приготвува брзо и лесно

Одлично решение кога сакате да се засладите, а немате многу време за готвење и не сакате да вклучувате рерна.

Овој колач има кремлива текстура и е многу вкусен, што го прави идеален избор за љубителите на доброто чоколадно залаче.

Состојки:
  • 200 г кекс
  • 3 пудинга од чоколадо
  • 3 пудинга од ванила
  • 12 лажички шеќер
  • 2 л млеко
  • 10 големи чоколадни кроасани
  • 3-4 лажички чоколаден крем
  • 300 мл шлаг
  • млеко за потопување на кроасаните
Приготвување:

Кексот потопете го во млеко и наредете го на чинија. Потоа, сварете пудинг од чоколадо, па кога ќе биде готов, прелејте го врз кексот. Следниот чекор е преку пудингот да ги наредите кроасаните, а потоа да ги прелиете со пудинг од ванила. За крај, намачкајте чоколаден крем одозгора и оставете го да се олади. По желба, можете да додадете и шлаг преку кремот. Добар апетит!

Колач од јаболка и бисквити што не се пече: Сочен десерт, готов за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.