Шок: По разводот Мајли Сајрус бремена од Лијам Хемсворт?

Сака до крајот на животот да го врзе за себе

Американскиот магазин NW објави бомбастична вест дека пејачката и актерка Мајли Сајрус е бремена од бившиот сопруг Лијам Хемсворт. Наводно, скандалозната 26-годишна пејачка дознала дека е во третиот месец од бременоста, тврди нивниот извор, па затоа пред неколку дена завршила во болница.

Меѓутоа, магазинот пренесува дека постои можност детето да не е на Лијам.

Тие имаа отворена врска пред разводот, така што теоретски детето може да биде од друг маж. Меѓутоа, Мајли има желба да го врзе Лијам за себе до крајот на животот. Се’ уште го сака да некој чуден начин“, открил извор близок на двојката, објаснувајќи дека Мајли му ја пренела веста на Лијам и дека актерот е подготвен, заради детето, да ги реши недоразбирањата и проблемите што ги мачеа додека беа во брак.

Тој најмногу од се’ сака да биде татко’, иако, иронично, токму тоа беше најголемата причина поради која се разведоа. Но блиските на Лијам не веруваат дека детето е негово и го наговараат да не ја обновува врската со неа се’ додека се роди бебето и се направи ДНК-анализа со која ќе се потврди дека тој е таткото“, додава изворот.

Постојат и такви што се сомневаат во вистинитоста на овие наводи. Не им е јасно зошто Мајли би објавила фотографија од болницата ако сака бременоста да ја задржи во тајност и зошто пред неколку дена го нарече Лијам „злобник“, тврдејќи дека нејзиното сегашно момче Коди Симпсон е првиот „добар“ маж со кого е во врска.

Меѓутоа, сепак станува збор за Мајли Сајрус, така што се’ е можно!

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.