Ники Минаж се омажи со осуден сексуален престапник (ВИДЕО)
Обожавателите бурно изреагираа на нејзиниот брак
Ники Минаж откри дека се омажила со осудениот сексуален престапник Кенет Пити.
Оника Тања Марај – Пити 10-21-19“, напиша 36-годишната рап-пејачка во опсиот на видеоснимката на која се гледа шолја на која е напишано „Господин и госпоѓа“.
Ники и Кенет беа во љубовна врска кога таа имаше само 16 години, а тој 21. Загрижените обожаватели бурно реагираа на нивниот брак, но пејачката и овој пат го бранеше својот партнер.
Имено, во коментарите напиша дека обвинението против него е резултат на договорен процес од неговите тинејџерски денови.
Фото: Instagram, Getty Images