Северина слави: „Не можам доволно да му се заблагодарам на Господ што ми ја испрати неа“ (ФОТО)

Емотивно

Северина Којиќ никогаш не криеше колку многу е горда на ќерката на својата сестра. Пејачката често објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи, а денес имаше посебна причина за тоа – нејзината Миа го прослави 30-от роденден.

Во нас постојат некои чувства што не можеме да ги преведеме во зборови. Кога се роди, ѝ го дадов името… Миа, не знаејќи колку многу ќе ѝ прилега… бидејќи е мила и бидејќи е моја. Со гордост слушам како ја фалат другите, а јас не можам доволно да му се заблагодарам на ‘оној горе’ што ми ја испрати. Мила моја, ти посакувам никогаш да не ја симнеш оваа насмевка од лицето и среќата да те следи каде и да појдеш. Среќен роденден, јубилеен 30-ти. Те сака гордата тетка“, напиша популарната пејачка во описот на заедничката фотографија, која ја објави на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.