ШОК: Поранешен ЦИА-агент се исповедал дека ја убил Мерилин Монро

Морала да биде елиминирана

Норманд Хоџс, кој работел за ЦИА цели 41 година како оперативец од највисоко ниво, тврди дека им го одзел животот на оние што биле потенцијална закана за државата, по налог. Седумдесет и седум годишниот пензиониран оперативец на Централната разузнавачка агенција го шокира светот со своето признавање.

Меѓу луѓето што наводно ги убил имало многу политичари, новинари, локални лидери, како и неколку научници и уметници чии идеи претставуваат закана за интересите на САД.

Поточно, тој тврди дека извршил 37 убиства за американската влада меѓу 1959 и 1972 година, вклучително и убиството на Мерилин Монро.

Тој тврди дека не се покајал за нејзиното убиство затоа што таа станала „закана за безбедноста на земјата“ и морала да биде елиминирана.

Имаме докази дека Мерилин спиела не само со Џон Кенеди, туку и со Фидел Кастро. Мојот шеф Џими Хејворт ми рече дека таа мора да умре, но дека мора да изгледа како самоубиство или предозирање. Никогаш не сум убил жена, но ја почитував наредбата. Јас го направив тоа за Америка!“, изјави тој.

За овие изјави ќе биде покрената истрага, но мајорот Џејмс Хејворт не може да ги потврди овие исповеди бидејќи починал од срцев удар во 2011 година, а починале и двајца други, кои Харолд ги нарекол и „убијци“.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.