Сестрата на Амал Клуни на удар на најостри критики: Решила да заработи од коронавирусот?

На столбот на срамот

Таа вели дека само сакала да помогне

Модната дизајнерка Тала Аламудин, сестра на познатата адвокатка Амал Клуни, деновиве се нашла на столбот на срамот и пред обвинувањата на јавноста дека се обидува да профитира од коронавирусот.

Се’ почнало кога Тала, откако многу дизајнери го сопреле производството и ги испратиле работниците дома, продолжила да работи под изговор дека шие луксузни маски за лице.

Заштитните маски ги нарекла Le Masque и ги продавала 33 долари по парче, иако обичните хируршки маски за кои владее побарувачка, чинат помалку од еден долар.

https://www.instagram.com/p/B9l6D9NHqqS/?utm_source=ig_embed

Откако се соочила со критики, Тала се обидела да се одбрани:

„Кога слушнав дека нема маски и тоалетна хартија, си помислив: Не можам да направам хартија, но можам да направам маски. Само се обидев да помогнам онака како што можам“, изјавила таа.

Иако нејзините маски со актуелни дезени не се медицински одобрени, ниту е потврдено дека штитат од вируси, Тала инсистира дека тие дефинитивно можат да послужат.

„Штитат максимално, иако не се медицински одобрени. Во секој случај, и ова е подобро отколку ништо“, рекла дизајнерката.

Таа нагласила и дека се’ што ќе заработи од продажбата на овие маски, го донира во Црвен крст во Сингапур, каде што живее.

„Не сакам да заработам ништо. Сакам само да помогнам“, заклучила Тала.

Да го погледнеме сето ова и од друг аспект: како модната индустрија помага во борбата против коронавирусот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.