Здраво и вкусно: Супа од кромид

Пробајте!

Идеја за вкусно предјадење.

Состојки:

  • 2 кг кромид
  • 50 гр путер
  • 3 лажици маслиново масло
  • половина лажичка кафеав шеќер
  • 1 литар супа
  • 2 дл бело вино
  • 1 лажичка сол
  • половина лажичка бибер
  • 1 леб
  • сирење по желба

Прочитајте и: 5 јадења од килограм грав: Штедливи рецепти што треба да ги сочувате

Приготвување:

Ставете путер, маслиново масло и половина лажичка шеќер во тенџере, да седат на оган додека не се стопат состојките.

Додадете го исецканиот кромид и испржете го на средна топлина околу 20 минути, додека кромидот не стане златно-жолт. Додадете супа и вино и варете еден час на тивок оган.

Лебот испечете го во рерна.

Кога супа ќе биде готова, истурете ја во огноотпорна тава, додадете го лебот, ставете го сирењето на лебот и печете во рерна се додека не се стопи сирењето.

Пријатно јадење!

 

ФОТО: Getty Images

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.