Седа коса, жолти заби и старо, непрепознатливо лице: Славната оскаровка се појавила во прилично застрашувачко издание

Ви се верува дека е таа?

Оливија Колман е тешко препознатлива во најавата за филмот „Големите очекувања“, во кој ја игра една од главните улоги

Британската актерка и оскаровка Оливија Колман се појавила во непрепознатливо издание со потполно седа коса и жолти заби, и тоа во првата најава за претстојната адаптација на познатото книжевно дело „Големите очекувања“.

49-годишната Оливија, која ја глуми мистериозната и ексцентрична госпоѓица Хавишам во екранизацијата заснована на класикот од Чарлс Дикенс, ги шокирала обожавателите со својата по малку застрашувачка појава.

Една од последните забележителни улоги на Оливија е онаа каде што ја глуми кралицата Елизабета Втора во серијата „Круна“, додека во реалниот живот е скромна и имуна на гламурот што ја опкружува во серијата. Сепак, иако приватно потполно се разликуваат, Колман уверливо ја одигра кралицата во серијата, па за својата глума беше наградена и со „Златен глобус“ за најдобра женска улога.

Актерката во 2019 година доби и „Оскар“ во истата категорија, и тоа повторно во улога на британска кралица, само овој пат во улогата на Ана во филмот „Фаворитка“.

Остана запаметен и нејзиниот краток, но инспиративен говор од доделувањето во кое проговорила и за својот живот пред актерската кариера.

„До сите девојчиња кои се пред своите телевизори – никогаш не можете да знаете што ќе се случи! Некогаш работев како чистачка и поминував многу време сонувајќи и замислувајќи го овој момент“, порачала Оливија од сцената додека го преземала „Оскарот“.

Седа коса, минимална шминка, облека што никој не би ја облекол: Никогаш не сме ја виделе Моника Белучи во вакво издание!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.