„НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЌЕ ПРЕЖИВЕАМ ИЛИ НЕ“ Момче се снимило со телефонот под урнатините: Неговите зборови се болни (ВИДЕО)

Трагедија

На социјалните мрежи се појави видео од сириско момче кое завршило под урнатините откако земјотресот му го уништил домот.

„Го снимам ова видео, не знам дали ќе живеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, тоа значи дека преживеав“ – рече тој.

Момчето рече дека во зградата во која живеело пред земјотресот имало уште три-четири семејства.

Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале. Ова може да го разберат само оние кои биле под урнатини – вели момчето.

Засега не се знае дали момчето било спасено или не.

Погледнете:

Спасувачите неуморно трагаат по преживеаните меѓу урнатините во Сирија и Турција по разорните земјотреси.

Едно спасување е снимено во Турција. Момчето херој, иако има само две години, го воодушеви светот поради сознанието дека поминало дури 44 часа под урнатините.

Фотографија од мало девојче кое го штити својот помал брат под урнатините во Сирија стана вирална на социјалните мрежи, а беше објавена од претставникот на Обединетите нации Мохамед Сафа.

Фото: Twitter @SubhanJamil17

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.