Дали кучињата можат да предосетат и да предупредат на земјотрес? Еве како се однесуваат неколку дена пред потресот!

Прочитајте!

Морничавите снимки од Турција нè натераа да се запрашаме дали кучињата можат да го почувствуваат поместувањето на земјата неколку дена пред големиот земјотрес

По разорниот земјотрес во Турција, светот го преплавија видеа од срушени згради, повреден народ… Во морето на тие морничави снимки се издвојува и една на која едно куче се загледува во зграда неколку минути пред земјотресот и завива како да предупредува на земјотресот.

Ова видео го покрена старото прашање: Дали животните или кучињата можат да предвидат земјотрес?

https://www.youtube.com/watch?v=rr4rYxshhEo

Иако сè уште не е докажано дека животните можат да предвидат земјотрес, сепак, со векови се верувало во тоа, па дури и во Библијата е опишано чудното и необично однесување на животните пред голема природна катастрофа. Како животните да можат да го почувствуваат поместувањето на земјата пред сите ние да го почувствуваме на своја кожа.

Постојат низа научни истражувања на оваа тема, но едно испитување направено со крави, овци и кучиња на растресито подрачје склоно на земјотреси, покажало дека животните биле значително повознемирени во шталата отколку на ливадите, односно пред земјотресот прво кравите се вкочанувале, а потоа кучињата полудувале. Потоа, пак, кравите се вознемирувале поради чудното однесување на кучињата, за на крајот да настане хаос.

Треба да се има предвид дека животните имаат инстинкт кој ги тера да се одбранат од предатори и да побегнат од опасност.

Научните истражувања на доктор Стенли Корен покажуваат дека кучањата можат да го почувствуваат земјотресот еден ден пред потресот. Според овој научник, кучињата покажуваат две клучни однесувања во вакви случаи: или се исклучително анксиозни или се до 47 отсто поактивни од вообичаено.

Како кучињата го продолжуваат нашиот живот и прават да живееме поздраво
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.