Се зборуваше дека е геј и дека Џенифер Лопез му е само маска: Сега си најде 20 години помлада русокоса и ужива во животот!

Се шушка

Се шушкаше дека Џеј Ло одлучила да го остави Родригез, бидејќи не можела да прејде преку неговите геј-авантури, но сега нема ни трага ни глас од тоа

Алекс Родригез (46) брзо се утеши откако остана без Џенифер Лопез. Додека пејачката зборува дека нејзината љубов со Бен Афлек е филмска, Родригез се притаи – плови во луксузен брод по Медитеранот.

Со него патуваат и неговата поранешна сопруга Синтија, нивните ќерки Наташа и Ела, но и сегашниот сопруг на Синтија.

Меѓутоа, најпривлечниот дел од овој патувачки караван на Родригез е младата Кетрин Пеџет која има само 25 години и која го зазела местото на Џенифер во креветот на славниот бејзбол-играч.

Кетрин е манекенка и многу внимава на својот изглед. Папараците неколку пати ја имаат фотографирано како вредно вежба и на јахтата за време на пловидбата. Вистина е дека Алекс Родригез ужива во нејзино друштво. Со задоволство ѝ се придружува во вежбањето, го фотографира нејзиното тело и се насмевнува на нејзината појава. Изгледа дека Џенифер Лопез е заборавена тема за него.

Приказните дека Алекс Родригез е геј се раширија откако Џенифер со години чекаше да ја побара за жена. И кога конечно се случи тоа, тој никако не сакаше да го изговори судбоносното „да“, па венчавката неколку пати беше одложувана поради пандемијата и низата непредвидени околности.

Изгледа дека гласините, сепак, се само озборувања, бидејќи Алекс ужива во опуштената врска со младата Кетрин.

Џенифер Лопез е минато за него: Алекс Родригез ужива во прегратките на оваа убавица!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.