Џенифер Лопез е минато за него: Алекс Родригез ужива во прегратките на оваа убавица!

Се шушка

Целиот свет зборува за ова

Иако раскинаа пред помалку од еден месец, странските медиуми пишуваат дека Алекс Родригез веќе ја преболи Џенифер Лопез.

Упатените сега тврдат дека по љубовниот бродолом со Џеј Ло, утеха нашол токму кај единствената жена што вистински ја сакал и која му родила две деца – Синтија Скуртис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OK! Magazine (@okmagazine)

Парот бил во брак од 2002 до 2008 година, а се развеле поради оладени односи.

Меѓутоа, по разводот останале блиски, а извори тврдат дека хемијата помеѓу нив е неоспорна. Тие биле видени како заедно напуштаат еден ресторан во Лос Анџелес и токму тоа и го покрена шушкањето дека се на чекор до обновување на романсата.

Иако Синтија е во брак, извори тврдат дека подготвена е да го остави сегашниот сопруг поради поранешниот. Од друга страна, Алекс наводно сфатил дека ниту една друга жена не можел да ја сака како бившите и дека најголемата грешка во неговиот живот е тоа што дозволил толку лесно да се заврши целата нивна приказна.

Сепак не било сè така идеално: Алекс Родригез не е единствениот прељубник во врската со Џенифер Лопез
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.