Зошто не треба да чувате фотографии од покојни луѓе дома: Причината ќе ве изненади!

Дали верувате во ова?

Сите имаме вакви фотографии дома…

Кој нема во својот дом фотографии од покојни роднини или пријатели? Сите ги имаме. Па, што е проблемот во врска со тоа? Во принцип, можете да ги чувате дома, но само доколку почитувате одредени правила.

Без разлика дали ни се допаѓа тоа или не, фотографиите од покојните се поврзани со светот на мртвите. Доколку човекот починал, фотографиите и понатаму го држат поврзан со светот на живите. Од таа причина се советува да се следат следниве правила…

1. Фотографиите од покојните не смеат да висат на ѕид, да бидат во рамка или на маса. Тоа значи дека не смеат да бидат на видно место.

Се верува дека доколку се игнорира овој совет, фотографијата им одзема енергија на живите луѓе. Доколку фотографиите се чуваат во албум, а ви ги погледнувате одвреме-навреме од носталгија, сè ќе биде во ред. Меѓутоа, ако постојано ви се на видик, наводно можат да предизвикаат постепено влошување на физичката и емоционалната состојба.

2. Фотографиите од покојните би требало да ги чувате одвоени од фотографиите на живите. Одвојте посебен албум за сликите на покојните, каде што исто така ќе ги чувате и фотографиите каде што се измешани живите и починатите.

Некои дури препорачуваат и да се исечат ваквите слики за да се одвои енергијата на живите од енергијата на починатите. Исто така, фотографиите на покојните наводно треба да се чуваат во албуми со црна боја или во црна кеса. Се советува и да се гледаат фотографиите од починатите само деновите што се предвидени за сеќавање на покојните.

Што мислите за овие причини? Дали верувате во нив?

Кога покојник ќе ви дојде во сон: 5 причини зошто починатите се појавуваат во соништата на своите најблиски!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.