Кога зборуваме за надградба на коса, веќе не мислиме само на додавање должина на косата
ICE EXTENSION, единствена ладна нано шпанска техника на надградба на коса која е технолошки најнапредна и најсовремена. Оваа техника овозможува изработка на мали но цврсти капсули ( 2-3мм ) , речиси незабележливи, каде надоградениот прамен е скриен под вашата коса. Покрај должина, оваа техника овозможува додавање на волумен во одредени секции што е невозможно со другите техники. Капсулата на праменот се фиксира на вашата коса со хипоалерген гел кој не и’ штети на косата, го чува нејзиниот природен сјај и текстура и е потполно дискретна така што воопшто не пречи при секојдневните активности.
Целта на секоја трансформација е природен изглед , совршено соединета боја и зачувување на природната коса. Косата што се користи е една од најквалитетните руски коси, коса што е најприближна до нашиот тип на коса. Квалитетна 100% природна коса, полна од почетокот до врвовите, која што со правилна нега и одржување може да се користи и повеќе од 1 година.
Кога зборуваме за надградба на коса, веќе не мислиме само на додавање должина на косата. ICE техниката овозможува додавање на волумен на одредени делови (парцијална надградба) како и менување на бојата, односно нијансирање без боење. За само неколку часа добивате целосна трансформација, која досега има воодушевено многу дами.
Корекција на ICE техниката се препорачува на 3-4 месеци, зависно од растот на природната коса. Квалитетот на косата овозможува користење на истата коса, со најмалку три корекции. Обновете ја и дајте и’ живот на вашата коса во салонот Nina Art.
Салонот се наоѓа во Кисела вода , во зградата на Адора флатирон , бул. Борис Трајковски бр.1 влез 3 спрат 2 стан 9. Контакт тел. 070 220 424
Инстаграм: @ninaart_adoraflatiron_skopje
Фејсбук: NINA ART adoraflatiron Skopje
ТЕКСТ И ФОТО: ПР