Љубовта не познава граници: Еве зошто мажите ги обожаваат врските со повозрасни жени!

Повеќе искуство

Тие знаат што сакаат

Кога станува збор за љубовта, годините не се граница. Еве зошто мажите ги обожаваат врските со повозрасни жени…

Повозрасните жени знаат што сакаат од животот

„Тие се искусни. Испробале многу работи и знаат што сакаат. Имам 32 години и мојата сегашна партнерка, која има 49 години, никогаш нема одненадеж да ми се јави и да ми каже дека ќе се сели на другиот крај од земјата, бидејќи таму нашла работа што би можела да ѝ се допадне. Повозрасните жени не се толку непромислени.

Знаат што сакаат, така што тука нема дилеми. Исто така, не чувствуваат потреба да менуваат партнери. Со нив можете да бидете сигурни дека нема да се премислат за неколку дена.“

Тие се искусни

„Повозрасните жени се искусни во сите аспекти од животот, во врската, во работата, има многу што да се научи од нив. Па затоа, животот со нив е полесен. Сигурни сте дека со неа ќе биде подобро, бидејќи е помудра од вашите врсници.“

Не им треба постојано внимание

„Имам 25 години, а девојка ми има 47. Таа има големо разбирање и не ми се јавува постојано да провери каде сум и со кого сум. На повозрасните жени не им треба вашето внимание 24/7. Тие имаат свој живот. Не им треба објаснување зошто не сте им одговориле на пораката порано. Не им пречи што и вие сте зафатени. Но секоја наша средба е полна со впечатоци.“

Тие се самоуверени и независни

„Јас имам 26, а девојка ми им 48 години. Секако, моите пријатели и семејството не си ни замислуваа дека девојка ми ќе биде двојно постара од мене, но кога ја запознаа, беа убедени. Тоа е она што го сакам кај повозрасните жени: самоуверени се, никогаш не се понижуваат, никогаш не критикуваат. Ако забележат мана на себе, едноставно почнуваат да работат на тоа. Не се жалат.

Исто така, повозрасните жени се независни. Не очекуваат од мажот да прави сè за нив. Тие можат да се грижат за себе. Тие сами ја создаваат својата среќа.“

Приземни се и имаат реален поглед кон животот

„Повозрасните жени цврсто стојат на нозете. Тие не само што знаат што сакаат, туку и реално гледаат на работите. Зрелите жени никогаш нема да бараат од вас да направите нешто нереално за да ја докажете вашата љубов кон нив. Тие не очекуваат да поместувате планини за нив. Тие не си играат детски игри.

Повозрасните жени веднаш кажуваат што сакаат од тебе. Сите мои односи со повозрасни жени ми останале во одлично сеќавање.“

ПОДАРЕТЕ ЉУБОВ: Ви помагаме да ги разберете сите лица на најмоќната емоција на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.