Се повлекол од јавноста поради тешката болест на сопругата: Нема да ви се верува како изгледа и што прави Чак Норис денес!

Љубовта на прво место

Легендарниот Чак Норис вчера го прославил 82-риот роденден

Чак Норис (82) не ни претпоставувал дека ќе стане актер, а уште помалку дека ќе биде легенда и еден од најпопуларните мажи во целиот свет. Меѓутоа, љубовта кон боречките вештини го одвела на овој неочекуван пат.

Во текот на 1950-тите и 1960-тите години, додека служел воен рок, почнал да ги проучува боречките вештини. По отслужувањето воен рок, не само што станал првак во карате, туку и отворил низа студија за карате во кои работел како тренер на бројни славни личности. Токму тие конекции со славните личности го инспирирале и самиот да се испроба во глумата. Пријателството со легендарниот Брус Ли резултирало со негово појавување во филмот Enter the Dragon.

По првиот филм, следеле нови улоги и патот кон славата му бил отворен. Во текот на 1970-тите и 1980-тите години станал една од најголемите акциони ѕвезди на големото платно, но улогата што му го обележала животот се случила дваесеттина години подоцна. Станува збор за Вокер, тексашкиот ренџер. Истоимената серија се емитувала осум години и го претворила во култна појава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gleyson Peres Toledo (@gleyson_peres)

Чак Норис речиси никој не го гледа во јавност

Од неговата последна филмска улога поминале речиси 10 години, а има добра причина за отсуството од филмското платно.

Имено, во 2017 година, неговата сопруга Гена се разболела од мистериозна болест, за која излегло дека е всушност ревматичен артритис. Поради грешката на лекарите, сè се искомплицирало. Гена почнала да чувствува болки во зглобовите, слабост, болки во ребрата и треперење на целото тело. Изгубила 15 килограми и морала да се храни со детска храна, затоа што тешко голтала.

Гена конечно оздравела во една клиника во Невада, но нејзиниот сопруг сепак го напуштил Холивуд за да се грижи за неа. Против лекарите била поднесена тужба, но сепак се откажале од судењето во 2020 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Чак Норис многу се има променето, па повеќе не личи на оној мускулест херој што го паметиме. Со оглед на тоа што го прославил 82-риот роденден, тоа е сосема разбирливо!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Ова не е виц: Мајка му на Чак Норис има 100 години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.