Ова не е виц: Мајка му на Чак Норис има 100 години!

„Најсилниот“ човек на светот

– Колку години има мајката на Чак Норис?

– Сто!

Можеби ова звучи како уште еден од многуте вицеви за славниот американски актер, кој е симбол на најсилниот човек на светот, благодарение на карате-потезите во многуте филмови што ги сними во текот на својата долга и плодна кариера, но станува збор за жива вистина – тој има 81 година, а неговата мајка неодамна наполни 100 години.

Имено, Чак никогаш не криел колку ја сака својата мајка Вилма Норис Најт.

Не можам да верувам, а не може ни таа! 100 години, навистина неверојатно! Јас не би бил човекот што сум, да не беше таа. Благословен сум што ја имам“, напиша во специјалниот текст за „WND“, по тој повод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Таа, патем, имаше многу тежок живот. Порасна во сиромаштија и заврши во дом на само осум години. Две години се лекувала од ретка болест, па ја земале од дома. Цело тоа време го поминала во детската болница. Подоцна, по Големата депресија, таа собирала памук за да преживее. Ништо никогаш не и било лесно… Се омажи за татко ми на 16 години, а потоа остана сама да воспитува три момчиња. Јас, како најстар, често пати бев татко. Бевме сиромашни, но тоа не не’ скрши“, продолжи Чак, објаснувајќи колку тој ја смета за силна, прекрасна жена, која често се молела за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Мамо, не знам во што тешко можам да верувам. Дека имаш 100 години или дека имаш син со полни 81 година! Благодарен сум што си тука. И брат ми Арон, исто така. Отсекогаш сме биле. Ние само туркаме напред“, ја отвори душата актерот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.