Пикантерии од животите на славните „пријатели“ по завршувањето на ТВ-серијата „Пријатели

Сувенири од сетот

Одбројувањето до специјалната епизода и новиот собир на „Пријатели“ започна. Сè се вжештува, а Џенифер Анистон уште еднаш ја покажа својата духовита страна и откри интересен детаљ од сетот за кој се молчеше со години.

Имено, иако нејзиниот лик Рејчел Грин беше позната како тренди-девојка во серијата „Пријатели“, кога станува збор за „земање сувенири“ од сетот, Џенифер Анистон посегна во гардеробата на друг лик.

Имено, за време на интервју за американски магазин Џенифер Анистон (52) откри дека пред повеќе од една деценија, од гардеробата на нејзината пријателка Кортни Кокс, која ја играше Моника Гелер, зела специјално парче облека од сетот на „Пријатели“.

Отидов кај нејзиниот плакар на сетот и зедов фустан што го носеше Моника“, откри Анистон и додаде дека една деценија подоцна сепак сака да го носи во многу комбинации.

„Јас сè уште го чувам и го носам. Сè уште ми одговара. Тоа е цветен фустан со црна тантела и оние мали, ситни цвеќиња, V-врат и кратки ракави.“

И додека Кортни Кокс не „украла“ ништо од сетот, Лиза Кудроу ги присвоила прстените што ги носеше нејзиниот лик Фиби Буфе, како и теглата со колачиња „Време за колачиња“, што за неа ја зел колегата Метју Пери.

Дејвид Швимер, пак, одлучил да го украси својот дом со постер на „Професорот Гелер“ од неговата музејска канцеларија, а некое време се возел со регистарската табличка „Ги сакам пријателите“, која, без негово знаење, му ја „инсталирал“ Мет Лебланк. Како што откриле, му требало една недела да го забележи тој детаљ.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.