Се појави снимка од БРУТАЛЕН НАПАД, сите мислат дека жртвата е американската актерка ЗЕНДАЈА: А ова е НАЈСТРАШНАТА страна на оваа морничава ВИРАЛНА ПРИКАЗНА

На Твитер се појави вознемирувачко видео од брутален напад на девојка која на многумина им личеше на американската актерка Зендаја. Но за кого и да станува збор во ова видео, насилството е за најголема осуда.

На видеото се гледа жена која тепа девојка, а сцените на насилство се снимаат со телефон, додека, пак, никој од околината не реагира. Во заднина се слуша и навивање. Приказната, на која секој детаљ е застрашувачки, стана вирална бидејќи жртвата на бруталниот напад е многу слична на младата американска филмска и музичка ѕвезда.

Набргу откако видеото стана вирално, се огласи и претставникот за медиумите на актерката и за „TMZ“ изјави дека таа не е во видеото.

Засега не се знае кога и каде е направена снимката од нападот, која донекаде потсетува на сцените на насилство од филмот „Еуфорија“ во кој Зендаја ја толкува главната улога (?!).

„ТМЗ“ го анализираше видеото и додаде дека многубројни детали, како што се самите чевли, не се совпаѓаат со описот на актерката, иако во некои кадри девојката навистина наликува на холивудска ѕвезда.

Видео: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.