МИЛА ЈОВОВИЧ ја покажа НАЈСТАРАТА ЌЕРКА, која е ИСТА МАМА и вистинска ПРИРОДНА УБАВИЦА! 

Копија на оригиналот

Холивудската актерка Мила Јовович пред неколку дена се појави на гала-настанот amfAR во рамките на Канскиот фестивал и ја воодушеви јавноста со необичното, раскошно издание, со кое се истакна во толпата.

Мила блесна во малку ексцентрична, но многу убава светлосина креација, изработена од проѕирен тул со шлиц кој ги откриваше нејзините вити нозе, и заводлив горен дел кој ги истакна голите рамена на оваа убавица.

Познатата 46-годишна актерка го комплетира изданието со сандали во боја на кожа со вртоглаво високи потпетици, украсени со циркони, како и блескава плико-чанта и скапоцен ѓердан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich)

Инаку, Мила на овој настан дојде рака под рака со својата најстара ќерка Евер Габо, а јавноста беше изненадена од тоа колку оваа тинејџерка всушност наликува на својата мајка, особено во нејзината младост.

Евер, која во ноември ќе го прослави својот 15-ти роденден, избра младешка, модерна комбинација – жолт, светкав фустан со сребрени штрасови, украсен со црн појас на колковите. Стајлингот го комплетира со слатки, сребрени чевли, а косата ја навитка со ноншалантни, разбушавени бранови.

 

Mila je na ovaj događaj došla sa ćerkom Ever Gabo

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.