Се појави шокантна снимка од Енрике Иглесијас: Пејачот фатен како се бакнува со друга жена

Шоу-бизнис

Обожавателите во шок го гледаат видеото од интимната средба на Енрике Иглесијас и една жена. Видеото е снимено пред неколку дена во Лас Вегас, а остатокот од приказната е многу необичен.

Жената од видеото е обожавателка на Енрике Иглесијас. Кога го забележала, притрчала кон него и прво го бакнала во образот, а потоа продолжила да го бакнува во уста. Во тој момент, тој изгледаше изненадено, но ѝ дозволи да го бакне и тоа траеше. Таа успеа да направи и заедничка фотографија.

И каде има еден шок, таму се појавува уште едно изненадување. Контроверзното видео самиот пејач го објавил на својот инстаграм-профил како најава за концертот во Лас Вегас, па или сакал да го искористи изливот на љубовта што му го пружал некој фан за подобар маркетинг или, пак, сакал да спречи уште полошо сценарио ако тоа видео беше објавено на друго место. Вака Енрике вели:

Се случи и немам што да кријам“, но обожавателите не престануваат изненадено да коментираат.

Ќе се вознемири ли жена ти од ова?“, „Како Ана го дозволува ова?“, „Господе, дали Ана го поднесува ова?“, „Збунета сум…. Ана е во ред со ова? Јас не би била“, „Леле, толку е несоодветно оваа жена да си го дозволи да го прави ова. Сигурен сум дека вашата жена нема да биде среќна“.

Можеби на познатата тенисерка ѝ се допаѓа начинот на кој нејзиниот сопруг најавува концерти. Изгледа секој маркетинг е добар маркетинг. Ќе видиме…

Енрике се ожени со Ана Курњикова во 2001 година и двојката има три деца: четиригодишните близнаци Николас и Луси и двегодишната Мери.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.