Не фрлајте ja кората од банана: Кога ќе видите за што може да ви помогне, ќе решите голем проблем

Нега на тело

Искористете ја кората од банана и ќе бидете воодушевени.

Бананите се едно од омилените овошја на повеќето луѓе. Покрај бројните здравствени придобивки, тие можат да се користат и за педикир. Да, добро прочитавте, кората од банана може да биде многу корисна кога станува збор за нега на стапалата.

Здравствените придобивки од бананите се познати на сите. Ако јадете две банани дневно, тие можат да ви дадат повеќе енергија, да спречат грчеви во мускулите, а ако ги консумирате редовно, ќе имате помалку проблеми со желудочната киселина и ќе ви се подобри празнењето. Тие исто така помагаат во борбата против анемијата.

Кога јадете банана и правите нешто добро за вашето тело, не ја фрлајте кората бидејќи можете да ја искористите, еве како.

Излупете ја бананата, изедете ја и зачувајте ја кората. Измијте ги нозете и добро исушете ги. Сега земете кора од банана и втријте го внатрешниот дел од лушпата на стапалата. Хранливите состојки ќе си ја завршат работата и табаните брзо ќе ги апсорбираат. Потоа исплакнете ги стапалата со млака вода или ставете ги во купка со топла вода и малку сода бикарбона.

Потоа, нанесете лосион за тело на стапалата и облечете суви, чисти чорапи. Ќе бидете воодушевени од резултатот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.