Кејт со овој потег направи да биде присутна и принцезата Дијана: Не пропушта да покаже колку ја почитува

Свет

Деталите многу зборуваат. Модните изданија на принцезата од Велс во последните десетина дена го потврдуваат токму тоа.

Кејт Мидлтон внимателно го избира накитот што го носи во текот на деновите на жалост во Британија, од денот на смртта на кралицата, од осми септември, па се’ до 26 септември. И притоа, случајно или не, излегува дека внимава да ја задржи рамнотежата кога одбира вреден аксесоар кој ѝ припаѓаше на Елизабета Втора, но и на принцезата Дијана.

Принцезата од Велс на свечениот ручек во Бакингемската палата носеше бисерна нараквица која ѝ припаѓаше на колекцијата на Лејди Ди. Раскошното парче накит, по смртта на Дијана во 1997 година, му припадна на принцот Вилијам, а потоа и на Кејт, пишува „Дејли мејл“.

Кетрин од Велс нараквицата ја искомбинира со бисерно синџирче кое го носеше кралицата, како и обетките од бисер кои беа, исто така, во сопственост на кралицата.

Со оглед на тоа дека Кејт во Бакингемската палата била повеќе блиска со кралицата, детаљот на тоа случување одлучи да го зачини со нараквицата која ја носела Дијана, а има посебно значење, и станува дури и повеќе од детаљ.

На симболичен начин направи и Дијана да биде присутна на свечениот прием, а годините наназад како и денес, со сличните модни избори на светот им порачува дека Лејди Ди никогаш нема да биде заборавена и дека за неа има огромно почитување.

Од моментот кога довчерашната војвотка од Корнвол стана кралица, можеше да се слушне: „Дијана требаше да биде на нејзино место“. Сложеноста на врската меѓу овие две жени, односно фактот дека Камила се мешала во бракот на Лејди Ди и Чарлс, а потоа се омажила за синот на кралицата, предизвикува вакви коментари.

Ниту британската јавност во претходните години не беше за Камила како идна кралица, но сега тој став е променет, па се вели дека таа е голема поддршка на нејзиниот сопруг, што може да се протолкува како достојна за новата функција. Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана денеска во Виндзор. Таа почина пред 10 дена во Балморал, Шкотска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.