Се ослободи од насилничката, а сега очигледно целиот се распаѓа: Зошто најдобриот фраер остаре прекуноќ?

Пропаднатиот изглед на Џони Деп

Славниот актер Џони Деп многу пропаднал физички за само неколку месеци, што многу ги загрижи неговите обожаватели ширум светот

Откако помина низ пеколен развод и судски спор со Амбер Херд, Џони Деп (59) неодамна изјави во јавност дека има нова љубов и иако сите помислија дека конечно си го средил животот, неговите најнови фотографии многу ја загрижија јавноста.

Имено, актерот се појавил во Њујорк и се поздравувал со фановите на улица, а неговиот болен и запуштен изглед ги вознемирил неговите обожаватели, кои сметаат дека големиот стрес конечно пристигнал за наплата, па сега очигледно целиот се распаѓа.

Да се потсетиме, Џони со години се појавуваше во таблоидите поради разводот од поранешната сопруга Амбер Херд, која го обвини за злоупотребување, за на крајот да излезе дека таа била патолошка лажга и насилничка во тој однос. Оваа пролет, нивниот бракоразводен спор беше една од најследените вести, а на крајот судот пресудил дека Амбер мора да му исплати околу 10 милиони долари на Џони за душевна болка и клевета.

За време на спорот, Џони се впуштил во љубовна врска со адвокатката Џоли Рич, која го застапуваше во тужбата за клевета против таблоидот The Sun.

Џоли, која живее во Лондон, живее одвоено од својот сопруг и се во процес на развод, а му била голема поддршка на актерот додека траело неговото судење. Мајката на две деца седеше во судницата и ја славеше неговата победа во јуни кога судењето беше завршено.

Инаку, за време на судењето Џони го поврзуваа и со неговата адвокатка Камила Васкез (37). Таа ги освои бројните обожаватели на актерот бидејќи ги разоткри лагите на неговата поранешна сопруга за време на испрашувањето во судница, но на крајот излезе дека тие не биле заедно, туку биле само добри пријатели.

Се чини дека на актерот ниту победата во судскиот спор ниту новата љубовна среќа не му помогнале да изгледа подобро, бидејќи овие нови фотографии предизвикуваат чудење, а кај некои обожаватели и загриженост.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.