„Дали воопшто се погледнале во огледало?“: Викторија средена како за на свадба, а Дејвид како да пошол на пазар

Како ви се допаѓаат?

Дејвид и Викторија Бекам се појавиле облечени во сино, но поголема модна неусогласеност досега не е видена

Папараците будно го следат секој чекор на Викторија Бекам (48) која деновиве престојува во Њујорк, а друштво и’ прави сопругот Дејвид Бекам. Двојката била видена пред еден њујоршки хотел додека излегувале од автомобил.

Викторија се појавила облечена во свиленкав долг, свечен фустан со чизми украсени со кристали, додека Дејвид за оваа пригода облекол џинс од глава до пети.

„Како да не се погледнале во огледало“, „Живеат ли тие во иста куќа?“, гласат коментарите под најновите фотографии од двојката Бекам.

Имено, Никола подигнала вистинска прашина кога дала интервју во кое ја обвинила свекрвата дека не сакала да и’ ја дизајнира венчаницата, а притоа и’ кажала дека венчаницата нема да биде готова само неколку месеци пред венчавката. Поради тоа, невестата морала да се снаоѓа, додека Викторија на свадбата се појавила облечена во своја креација.

Претпоставките дека семејството Бекам страда поради хировите на Никола Пелц се подгреаја откако двојката не се појавуваше на семејните собири.

Меѓутоа, откако Дејвид одлучил да преземе контрола и му наредил на синот да дојде на ревијата на Викторија Бекам во Париз, страстите се смириле малку.

Сега владее затишје на релацијата Викторија – Никола, а обожавателите со нетрпение го очекуваат продолжението на оваа драма.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.