Урнебесната фризура на руската политичарка за која сите зборуваат: Изгледа како да носи перика, но сега таа ја решила мистеријата

Погледнете

Фризурата на руската политичарка Валентина Петренко стана главна тема на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат како ја одржува

Светските медиуми се распишуваа за фризурата на политичарката Валентина Петренко, што е сосема разбирливо, бидејќи е многу необична.

Социјалните мрежи се преплавени со коментари на сметка на нејзината коса, а многумина се согласиле дека најмногу ги потсетува на Марџ Симпсон од популарната анимирана серија „Симпсонови“.

https://twitter.com/alexbrucesmith/status/969335408310984705?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E969335408310984705%7Ctwgr%5Eab49d34d84355bf78836ad7701606c098e93380f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F188407%2Fruska-politicarka-valentina-ima-najludju-frizuru-na-svetu

Дискусијата за најмоќната фризура во Русија се пренела и во медиумите, па многумина ги интересирало како Валентина успева да го одржува овој стајлинг.

Кога пред четири години во едно интервју ја прашале за фризурата, таа рекла:

„Уморна сум од тоа да одговарам на ова прашање. Косата ми е кадрава и ја подигнувам со шноли, тоа е се’“.

Ги демантирала гласините дека носи перика и вели дека нејзината коса е природно кадрава и нескротлива, па со самото тоа и нема премногу избор кога станува збор за фризурата.

Вели дека самата ја обликува својата коса, а не сакала да открива колку време и’ треба за тоа. Истата фризура ја носи со децении и не сака да се откаже од неа.

Поради нејзиниот несекојдневен изглед, многумина ја ставаат нејзината кариера во втор план, која е повеќе од импресивна. 67-годишната Валентина била во рускиот одбор за социјална политика.

Родена е во Казахстан, течно зборува руски, полски, англиски и шпански. Дипломирала на Ростовскиот педагошки државен институт, а завршила и докторски студии.

Валентина своевремено помогнала во преговорите за ослободување на децата кои биле држени како заложници, поради што во 1993 година била одликувана со Орден за храброст.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.