Ријана претставува колекција за убавина што ги менува правилата за нега

Го проширува бизнисот

Иако на почетокот на годината Ријана објави колекција на производи за нега на кожа „Fenty Skin”, реализацијата на ова не беше сигурна до сега. Убавицата од Барбадос и официјално потврди дека сите што со месеци ја чекаат нејзината линија за убавина, конечно ќе можат да ја држат во свои раце од 31 јули.

Рири ја сподели оваа прекрасна вест за колекцијата Fenty Skin на Инстаграм, ветувајќи целосно „нова култура за нега на кожата”. Покрај тоа, таа не откри ништо, таа само рече дека колекцијата е наменета за сите кои сакаат да имаат совршена кожа на лицето.

„Давам сѐ од себе за да бидам скромна во врска со објавувањето на мојата нова колекција за убавина“, напиша таа во својот пост со видеото.

https://www.instagram.com/p/CCovs5EnTBi/?utm_source=ig_embed

Ова е одамна задоцнето, со оглед на тоа што колекцијата Fenty Beauty на Ријана беше откриена пред три години. Во основа содржеше 40 нијанси на течна пудра, кои наскоро станаа стандард во индустријата за убавина. Сè уште не знаеме како ќе им се допадне нејзината нова линија за нега на кожата на обожавателите и професионалците, но корисниците на „Твитер“ веќе се креативни во желбата да покажат колку едвај ја чекаат колекцијата.

Ве потсетуваме дека по исклучително успешната соработка со германскиот спортски гигант Fenty Puma by Rihanna, колекцијата за убавина и родово-неутралната колекција на долна облека Savage x Fenty, Ријана стана првата жена на чело на луксузната модна куќа во 2019 година, а нејзината куќа е првиот нов бренд што LVMH (Luis Vuitton Moët Hennessy) го поткрепи уште од 1987 година.

Патем, компанијата LVMH поседува 25 луксузни модни куќи, вклучувајќи ги Фенди, Кристијан Диор, Селин, Марк Џејкобс и многу други.

Прочитајте и: Меган Маркл го започнува секое утро со овој пијалак: Благодарение на него, таа има идеална линија!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.