Првпат е откриено како изгледале последните денови на кралицата Елизабета: Ова е тешката болест со која се борела

А која се криеше од јавноста!

Според официјалните податоци, кралицата Елизабета Втора починала од старост. Меѓутоа, еден од најдобрите пријатели на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, Глис Брандрехт, во својата нова книга „Елизабет: интимен портрет“ открива дека причината за смртта всушност била ретка форма на рак.

Според авторот, тоа е ретка форма на рак на коските.

Слушнав дека кралицата има форма на меланом – рак на коскената срцевина – со кој може да се објасни зошто беше постојано уморна и имаше проблеми да се движи во последната година од животот. Најчест симптом на оваа болест е болката во коските, особено во карлицата и грбот. Оваа болест најчесто ги погодува постарите лица, рече тој.

Биографот на кралицата, исто така, тврди дека Елизабета имала периоди кога се чувствувала многу лошо, но била решена да продолжи со своите должности по смртта на принцот Филип во април минатата година.

Мојот сопруг немаше да одобри да се повлечам, рече Елизабет, не сакајќи да ја сожалуваат.

Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска.

Кралицата беше погребана во капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде што почива покрај својот сопруг принцот Филип и своите родители.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.