Наближуваат U&Z Influencer Awards 2022 (ВИДЕО)

Не пропуштајте ги!

Дефиле на највлијателните инфлуенсери, но и можност за сите што поседуваат потенцијал да станат идните инстаграм-ѕвезди.

Во тек е пријавивањето на веќе добро познатиот, најкоментираниот и најочекуваниот избор U&Z Influencer Awards 2022, кој се одржува четврти пат во организација на компанијата „Колор медиа плус“, која е издавач на највлијателниот магазин за жени во регионот „Убавина и здравје“.

И оваа година во рамките на конкурсот истовремено ќе се одвиваат два избора, од кои едниот ќе биде наменет за оние што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници и да добијат можност за соработка со наши познати брендови.

Правилата се едноставни: треба да имате над 18 години и најмалку 2.000 следбеници на Инстаграм. Испратете мејл на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, така што ќе ги оставите вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил. Означете ја и категоријата во која се пријавувате: Beauty, Travel, Fashion, Insta Man, Insta Parents, Food, Entertainment, Fitness, Lifestyle и Makeup.

Пријавувањето трае до 30 ноември, а прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите и статуетките ќе се одржи на свечена забава на 12 декември во Ederra Rooftop.

Право на учество имаат сите инстаграм-профили кои објавуваат содржини и комуницираат со своите следбеници на македонски и англиски јазик. Победниците на категориите се избираат со комбинација на гласови од читателите и следбениците на магазинот „Убавина и здравје“ и гласовите на стручното жири на списанието „Убавина и здравје“.

Вториот избор е предвиден за инфлуенсерите што веќе се етаблирани на социјалните мрежи, имаат значителен број на следбеници и остварени соработки. Нив треба да ги предложите вие на нашата имејл-адреса или во коментар под оваа објава, а победниците ќе бидат одбрани од страна нашите лојални клиенти и соработници на самите инфлуенсери, маркетинг-агенции и регионална жири-комисија.

Генерален покровител на настанот е Ментос.

Покровители на категориите: А1, Аura kozmetika (Beauty), Herbalife (Lifestyle), Essence (Make up), Violeta (Fashion).

Настанот е поддржан од Jagermeister.

Водител и оваа година ќе биде шармантниот и духовит водител – Марко Новевски.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.