Првото јавно појавување на Кејт Мидлтон по погребот на принцот Филип: Елеганција на ниво!

Војвотката од Кембриџ

Сите погледи биле вперени во војвотката од Кембриџ

Принц Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (39) им се вратиле на кралските должности, а нивното прво јавување во јавноста по погребот на принц Филип била посетата на центарот за обука на кадети за кралските воздушни сили во источен Лондон.

Војводата и војвотката од Кембриџ му оддале почест на починатиот сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој 63 години бил главен заповедник на Воздушните воени единици за обука. Во 2015 година, принц Филип ѝ го пренел военото покровителство на војвотката од Кембриџ, која тогаш станала почесна воздушна заповедничка.

За оваа задача, поради службениот едномесечен период на жалост по смртта на принц Филип, кралскиот пар во знак на почит кон војводата од Единбург облекол црна гардероба.

Кејт заблескала во фустан-капут со дворедно закопчување од италијанскиот моден бренд „Долче и Габана“, кој ја нагласил нејзината фигура.

Инаку, истото парче го носела во 2017 година за време на одбележувањето на таканаречената Remembrance Sunday.

Стајлингот го заокружила со класични салонки на подебела пета од брусена кожа и плик-чанта.

Од модни додатоци, носела дискретни обетки.

Кејт Мидлтон е новиот столб на кралското семејство, Британија е сигурна во тоа – Eве и зошто
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.