Првите реакции на кралското семејство на шокантните обвинувања: Откриваме што се случувало во палатата по интервјуто!

Скандалот не стивнува

Фото: Getty Images

Кралицата сè уште одбива да потпише официјална изјава

Првите реакции на Бакингемската палата на интервјуто на Меган Маркл и принц Хари се опишуваат како ужас и запрепастеност.

Медиумите откриваат дека кралицата Елизабета, принц Чарлс и принц Вилијам долго разговарале за тоа како да реагираат на низата обвинувања што Хари и Меган ги кажале во текот на двочасовниот специјал со Опра Винфри.

Извори од палатата тврдат дека меѓу членовите на кралското семејство владее шок и тага, но дека кралицата сè уште одбива да потпише службена изјава и дека бара повеќе време за да одговори на интервјуто.

Кралската послуга останала будна до 3 часот наутро и го гледале интервјуто преку видеолинк во живо од САД, со големо чувство на ужас и тага. Приватниот секретар на кралицата сер Едвар Јанд и секретарот на Чарлс, Клив Алдертон, наводно го гледале интервјуто во Бакингемската палата.

По интервјуто се подготвувале брифинзи на членовите на кралското семејство и се согласиле дека секој одговор би требало да биде координиран помеѓу кралицата, Чарлс и Вилијам.

Наводно, биле свикани кризни состаноци на кои учествувале високи чиновници од палатата, како и високо рангирани членови на кралското семејство, лично и преку телефон, како и по пат на видеоповици.

Послугата од палатата била длабоко разочарана и изневерена поради изјавите изнесени во интервјуто.

Кралицата во Виндзор разговарала со синот Чарлс, кој бил во неговиот лондонски дом, и со внукот Вилијам кој се вратил во Лондон од Норфол за да ги подготви децата за враќање на училиште.

Прозборе таткото на Меган Маркл: „Се извинив повеќе од 100 пати, тука сум ако ме сака!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.