Дали добиваме орален лек против Ковид-19?

Фармацевтскиот гигант Мерк и една американска лабораторија објавија напредок во тестирањето на орален лек против Ковид-19, антивирусен лек кој има позитивно влијание врз намалувањето на вирусното оптоварување.

„Бидејќи има потреба од антивирусно лекување на САРС-КоВ-2, ние сме охрабрени од овие прелиминарни резултати“, рече Венди Пинкер од „Риџбек биотерапевтика“.

Мерк ја прекина работата на две потенцијални вакцини против коронавирус кон крајот на јануари, но продолжува со истражување на два лека против оваа болест, вклучувајќи го и молнупиравир, развиени со американската фирма „Риџбек био“.

Намалено вирусно оптоварување

Лекот значително го намали вирусното оптоварување кај пациентите по петдневно лекување, изјави компанијата во саботата на состанок со експерти за заразни болести.

Втората фаза на тестирање е спроведена на 202 пациенти кои не биле хоспитализирани и имаат симптоми на Ковид-19.

Лековите против грип како што се оселтамивир (Тамифлу) и занамивир (Реленза) понекогаш се препишуваат против сезонски грип, а сега се прави обид да се најде лек за Ковид-19.

Резултатите од оваа студија ветуваат, „особено побрзо намалување на вирусното оптоварување на луѓе кои имаат коронавирус во раните фази и кои добиле молнупиравис“, вели Вилијам Фишер, еден од директорите на студијата и професор по медицина на Универзитетот на Северна Каролина.

Мерк работи и на лекот МК-711, а првите резултати од клиничките испитувања покажуваат дека ризикот од смрт или респираторен арест кај хоспитализирани пациенти со умерени или тешки форми на коронавирус е намален за повеќе од 50 проценти, објави компанијата на крајот на јануари.

Прочитајте и: Германска медицинска комора советува: Избегнувајте ги овие 5 пијалаци додека земате антибиотик! 

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.