Профемина 2021: Иднината на здравјето

Панел-дискусија

За да дознаете зошто се јавува болест на вените, кои се најчестите симптоми поради проблемот со вените и што се случува кога болеста не се лекува навреме, Ве каниме на 8 декември (среда) на петтото издание на регионалната конференција за жени „Профемина“ во хотел „Хилтон“.

Немате доволно енергија, нозете ви се тешки, отечени околу зглобовите, понекогаш чувствувате грчеви? Веројатно помислувате дека тоа е поради динамичниот стил на живот, условите во кои работите, цел ден седите во канцеларија или, пак, цел ден стоите на нозе.

За да дознаете зошто се јавува болест на вените, кои се најчестите симптоми поради проблем со вените и што се случува кога болеста не се лекува навреме, Ве каниме на 8 декември (среда) на петтото издание на регионалната конференција за жени „Профемина“ во хотел „Хилтон“, каде што во 12 часот ќе се одржи панелот „Иднината на здравјето”, посветен на хроничната венска болест, која претставува козметски, но и медицински проблем.

Модератор на дискусијата е ТВ-водителката Билјана Дебарлиева, а учесници се проф. д-р Сузана Николовска, специјалист дерматовенеролог, УК за Дерматовенерологија, Скопје, д-р Марија Анастасова, специјалист дерматовенеролог, ПЗУ Промедика Медикал центар, Скопје и фарм. Милена Ѓошевска, Крка Фарма Скопје.

Покровител на панелот е Крка фарма.

И оваа година, организаторите на „Профемина“ ветуваат квалитетна и едукативна програма, во рамките на која ќе се обработуваат теми важни за здравјето, убавината и животниот стил на современата жена.

Програмата на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.

Како да присуствувате?

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН! Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат своето место на оваа престижна конференција.

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до 6.12.2021.

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Убавина и здравје, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.