Профемина 2021: Подобар живот на осетливата кожа!

Панел-дискусија

Добропознатата регионална конференција за жени петти пат во Скопје, на 8 декември во 10 часот во хотелот Double Tree by Hilton!

Секој тип кожа има специфични потреби, а посебно кожата склона на иритации, ерупции, црвенило, сувост и чешање.

Што кога несовршеностите на кожата не го обележуваат само пубертетот, туку борбата со нив трае долго?

Сите заинтересирани за одговорот на ова прашање, но и на многу други прашања што сами можат да ги постават како дел од публиката на петтата регионална конференција на жени „Профемина 2021“, која на 8 декември (среда) ќе се одржи во хотел Double Tree by Hilton, можат да го добијат присуствувајќи на втората панел-дискусија, со почеток во 13 часот.

Модератор на панелот е ТВ-водителката Милена Антовска Станковска, а стручните лица што ќе дискутираат на оваа значајна тема се д-р Емилија Минова, специјалист-дерматовенеролог во „Рес Хумана“, инфлуенсерката Зои Блаж, водителката Јелена Спенџарска, психологот Душица Цандова и стручната претставничка на покровителот на панелот La Roche Posay  – Анета Јованова.

Инаку, програмата на петото издание на регионалната конференција за жени „Профемина 2021“, во организација на највлијателниот магазин „Убавина и здравје“, и оваа година ќе биде квалитетна и едукативна, во рамките на која ќе се обработуваат теми важни за здравјето, убавината и животниот стил на современата жена, а можете да ја погледнете ТУКА.

Како да присуствувате?

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН! Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат своето место на оваа престижна конференција.

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до 6.12.2021.

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Убавина и здравје, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.