Профемина 2019 – Создадете здрави навики за спиење

Ноќна птица или ранобудник: колку часа спиете?

Дани Димитровска, Владимир Блажев, м-р Снежана Апостолова, Сандра Кирков и д-р Васка Митова се учесниците кои што ја отворија четвртата панел дискусија по ред во рамки на „Профемина“ , а истата го носи името „Ноќна птица или ранобудник: колку часа спиете!“. Покровител на оваа панел дискусија е ЕУРОФАРМ,  а модератор е водителката Елена Стојановска Јанковска.

Денот го почнувам во пет часот наутро со оглед на тоа што сум водител на утринска, па не случајно ме избраа да го водам овој панел“, рече Елена на почетокот на разговорот, а потоа со статистика откри колку спиење му е потребно на еден човек во однос на годините.

Прва својата приказна ја раскажа поранешната стјуардеса Сандра Кирков која седум години се занимавала со оваа професија.

Почнав да работам како стјуардеса на 22 години и најтешко ми беше кога требаше да станам на полноќ за да одам на лет. Најтешко ми беше кога летав за Австралија, поради разликата во временските зони. Пред секој лет се подготвував психички и се водев според временската зона во земјата во која престојував. После секој лет спиев по максимум два часа, тоа беше задолжително се со цел да го адаптирам организмот, откри Сандра која денес работи како инфлуенсерка.

Владимир Блажев пак, раскажа како изгледа еден негов работен ден.

Кога имам настапи се случува некогаш да си легнам во 7, 8 часот наутро. Поради тоа наидувам на потешкотии, верувам дека спиењето е најважниот сегмент од животот, со сон се регенерираат многу работи поврзани со здравјето, затоа и треба да се легнува на време. Дневните дремки ги практикувам секојдневно, ова го работам со години и поради тоа чувствувам хроничен замор, па се обидувам тоа да го надокнадам со здрава исхрана, но и доволно сон, истакна Панчо.

Пејачката Дани пак појасни како изгледа кога денот ти е ноќ, а ноќта ден.

За мене ноќта е ден и функционирам исклучиво навечер. И кога немам настапи јас по навика си легнувам многу доцна. Сите обврски кои што ги имам како музичар, дали фотосесија или снимање, после 20 часот договарам се, ноќна птица сум и тогаш се чувствувам најсвежа и функционирам турбо. За мене тоа е нормален начин на функционирање, раскажа пејачката и додаде дека кога се породила со синот Лазар кој сега има 19 години имала голем проблем во однос на адаптацијата поради честите будења во текот на ноќта, но со текот на времето успеала да се навикне.

 

 

Порано спиев по четири часа и воопшто немав проблем. Сега не е така. Телото ми бара повеќе часа сон, постара сум и тоа е нормално, кажа Дани.

За тоа дали си ноќна птица или не, не зависи само од обврските поврзани со професијата и животниот стил. Тој се менува во однос на годините. Биолошката предиспозиција дали некој ќе спаѓа во ноќна птица или ранобудник зависи од возраста, стручно појасни психотерапевтот м-р Снежана Апостолова која работи и во Лондон.

Сонот е многу важен за да го „убиеме“ стресот, но и да ја одржувавме енергијата и силата која и тоа како ни е потребна. Колку помалку сон, толку помалку активна работа на мозокот. Има голем број на студии кои што го потврдуваат ова, се надоврза специјалист психјатар д- р Васка Митова.

Прашањето кое што предизвика лавина коментари, пак, беше она зошто поголемиот дел од нас заспиваат со уред.

Психотерапевтот м-р Снежана Апостолова раскажа дека станува збор за зависност која што му пречи на сонот и го ремети истиот.

Сандра која работи како инфлусенерка откри дека иако се занимава со социјални медиуми, не заспива со нив, а Панчо и Дани пред легнување го исклучуваат мобилниот апарат затоа што сакаат додека спијат апсолутно никој и ништо да не ги вознемирува.

Со стареење се намалува мелатонинот кој што е од исклучителна важност за да имате добар и квалитетен сон, посочи Васка.

Крајот на панел дискусијата беше резервиран за споделување на искуства поврзани со несониците кои ги имале и причините за истите.

Беше потенцирано дека некогаш е добро да се земат и таблети за спиење, но на природна база, а пред гостите беше претставен и производот Jamieson кој што е идеален за здрав сон за квалитетен живот.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.