#Profemina 2023: Лансирање нов шампон Revalid Tripple Active DS

Ексклузивно!

Ексклузивно претставување на новиот, 11-ти по ред производ во медицинската линија за нега на коса

На годинешната регионална конференција „Профемина“ се одржа ексклузивно претставување на новиот, 11-ти по ред производ во медицинската линија за нега на коса, Revalid!

Дерматолошки одобрена формулација на моќни состојки, која дава исклучителни резултати и учествува и во одржување на здравиот микробиом на склапот.

Тв-водителот Бојан Гиевски разговараше со Благица Беговска Спасовска, одговорно лице за брендот Ревалид во Евофарма Македонија и Д-р Ирена Димитровска, специјалист-дерматовенеролог, кои ни открија нешто повеќе за новиот револуционерен производ.

„Дали знаете дека 50% од светската популација се соочува со проблем со првут? Овој проблем особено се појавува кај мажите“, Бојан Гиевски го започна панелот со ова прашање, а експертите ја објаснија разликата меѓу обичен првут и себореичен дерматит.

Со оглед на тоа што дури 5% од светската популација се соочува со себороичен дерматит, д-р Димитровска објасни кои се симптомите и колку долго трае третманот, додека Благица Беговска Спасовска ни откри по што се разликува шампонот Revalid Tripple Active DS од останатите на пазарот и кои активни компоненти ги содржи, по што докторката го објасни и тројното дејство на овој производ.

Сите објаснувања и информации од експертите беа илустрирани со впечатлива презентација која уште подобро им го долови проблемот со себореичен демратит на присутните и неговото можно решение.

„Се работи за многу честа појава, која, за жал, е незилечива, но може да биде ставена под контрола, а за тоа се погрижија претставниците на Ревалид. Секогаш кога имате проблем, најдобро е да се консултирате со најблискиот дерматолог“, препорача д-р Ирена Димитровска, а Благица Беговска Спасовска се надоврза:

„Ги охрабрувам пациентите искрено да разговараат за овој проблем и да очекуваат уште многу новитети во иднина од нас.“

Лансирањето на производот заврши со лотарија и извлекување добитници, кои добија вредни подароци од „Ревалид“, по што модераторот Бојан Гиевски ги покани сите посетители да го посетат нивниот штанд во зоната на искуства и да ги постават сите прашања што ги интересираат на оваа тема.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.