Профемина 2019 – „За децата да имаат добар имунитет пуштете ги надвор да си играат!“

Отворена ординација со д-р Александар Сајковски

Што знаеме за имунитетот? Во сезона на вируси, настинки и грип „Профемина“ ја отвори ординацијата со д-р Сајковски и со помош на панелистите д-р сци Александар Сајковски, Елизабета Симонче и Вера Мештеровиќ пробаа да дадат одговори на прашањата поврзани со здравјето и начинот на кој што можеме да ја засилиме линијата на одбрана на организмот на децата и возрасните. Оваа панел дискусија е поддржана од ЕSENSA, а модератор на истата беше Јована Стојменовиќ.  Панелот го отвори Сајковски кој даде дефиниција за тоа што всушност е имунитетот.

Имунитетот е комплексен систем кој што го штити организмот, филтер кој што го чисти телото, истакна Сајковски.

Вера Мештеровиќ рече дека чита „Убавина и здравје“ и на тој начин се едуцира во врска со здравјето и имунитетот.

Во последните неколку години повеќе истражувам и барам информации за имунитетот и сметам дека освен исхраната, за да имаш добар имунитет треба да водиш и да имаш квалитетен живот. Почнав да се хранам здраво и забележав дека помалку се разболувам, рече манекенката која е мајка на две деца.

Елизабета Симонче која по професија е фармацевт истакна дека за имунитетот се добри производите на ESENSA и откри каде и како можат истите да се пронајдат.

Стави акцент и на намирниците кои што ги содржат овие препарати и се користат и за превентива.

Сајковски и се обрати на публиката и ја праша дали знаат што се случува со нивниот имунитет.

Раскажа се за имунитетот кај мајката и новороденчето и истакна дека мајката после породувањето откако ќе и ја исечат папочната врвка го враќа имунитет за 36 часа, а кај бебето треба да се развие и за тоа се потребни дури и шест години.

Фармацијата измислува нови препарати секојдневно, гледаме и читаме разноразни информации за имунитетот, но тоа е лош начин на информирање, кога велам лош мислам на текстовите на социјалните медиуми кои кружат и дел од нив се неточни, и тоа многу ми пречи, истакна Сајковски.

Вера, пак, го праша Сајковски дали алергијата е поврзана со имунитетот?

Па да, тоа е имунолошка состојба, но и надворешното влијание исто така игра важна улога. Македонија за жал има лоша почва, кај нас се трошат најмногу пестициди, повеќе дури и од Шпанија и ние од старт на детето му даваме лоша храна. Прв лек ако имате мали деца пуштете ги да играат надвор, пуштете ги во градинка, нека се социјализираат со децата. Мора да се договориме една работа, сите ние овде во салата сме различни, но во гените се разликуваме само три проценти, рече д-р Сајковски.

Елизабета ни раскажа се за спрејот за нос Марисол на ESENSA и откри како и на кој начин да се исчисти носот.

Слузокожата на носот е сува поради загадениот воздух и поради тоа лесно продира се до него. Кога ни е затнат носот прво посегнуваме по капки, но тоа не е добро и не е здраво. Поради тоа спрејот е одлично решение бидејќи не ја уништува слузокожата, кажа Симонче.

Д-р Сајковски истакна и дека ушите и носот треба да се чистат и перат секој ден исто како што се перат и забите и истакна дека Марисол навистина е најдобар спреј за нос.

Симонче откри и што значи пребиотик.

Пребиотикот се пие пред пробиотикот се со цел да ја заштити цревната флора, кажа фармацевтката.

Во однос на пробиотиците, пак, се истакна дека нема зависност од нив и дека се наменети и за возрасни и за деца, а покрај употребата за време и по употреба на антибиотици, помага и кај дијареата предизвикана од било која причина.

Потоа следуваше дел и на прашања од публиката и посетителките имаа можност да го прашаат Сајковски за се што ги интересира, а е поврзано со имунитетот, но и производите на ESENSA.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.