Профемина 2019 – Сите сме убави, ајде да ја надополниме убавината со „VICHY“

Женска азбука

„ Женска азбука : Промените во календарот носат промени во килограмите, кожата, косата… Имаме ли стратегија да го надмудриме времето“, беше темата на петтиот панел на регионалната конференција за жени „Профемина“.

Во рамки на неа учесто земаа писателката Јелена Бачиќ Алимпиќ, пејачката Елена Петреска, д-р сци. Наташа Теовска Митревска, психологот Ивана Хаџиванова и Ивана Јанева Попов – претставник на „Vichy“, а модератор, пак, беше водителката Живкица Каленикова.

Убав тим на дами, секој успешен во својата професија , чест ми е што оваа панел дискусија ја делам со нив, беа зборовите со кои Живкица ја најави панел дискусијата.

Прва тема на разговор беа токму годините и стравот од стареење.

Јас имам 51 година и сум горда на нив. Имам лице какво што сакам. Ако си среќен и исполнет, секогаш ќе бидеш убав и млад, порача гостинката од Србија, Јелена Бачиќ Алимпиќ и ги поздрави сите присутни во хотел „Александар палас“.

Од медицински аспект осрвт даде докторката Наташа која кажа дека со правилна нега на кожата се почнува порано затоа што од 20- та година кожата старее иако тоа не се забележува.

Негата е првиот чекор за она што превентивно можеме да го спречиме, порача Теовска Митревска.

Покрај генетиката, многу важен фактор во негата на кожата се и надворешните влијанија, загадениот воздух. Жените сакаат да се сончаат, сакаат да имаат бронзен тен, но сонцето ја остарува кожата. Затоа драги дами, ве молам да користите заштитен фактор, креми, и не само преку лето, туку преку целата година. Ви ги препорачувам кремите на Виши, навистина се најдобри, кажа докторката Наташа.

Ивана, пак, откри се за состојките од кои се направени препаратите и производите на Vichy притоа истакнувајќи дека сите креми се медицински тестирани и одборени.

Сите сме убави, ајде да ја надополниме убавината со „Vichy“, порача Ивана.

Ивана Хаџиванова откри дека жените генерално се плашат од стареење и иако тоа не го признаваат, сепак поголем дел од припандичките на понежниот пол тивко во себе патат поради тоа.

Многу е важно да се грижиме за нашето ментално здравје бидејќи тоа влијание на нашата надворешна убавина, истакна Хаџиванова.

Елена Петреска кажа дека во младоста не се грижела многу за негата на лицето, но со текот на годините сфатила дека негата е многу важна, но и себеприфаќањето за кое вели дека е најважен сегмент и фактор.

Имам 39 години и се чувствувам многу поубава и посреќна сега отколку кога имав 30 години. Немав самодоверба, но сега веќе го немам тој проблем, искрена беше пејачката.

Јас одам на мезотерапија, тоа е длабинско хранење на кожата, користам квалитетна козметика. Повеќе од 20 години користев јака шминка, лицето трпеше. „Vichy“ не ме плати, морам да ви потенцирам, но го користам нивниот серум и навистина е добар. Водам сметка за себе, но водам сметка и за менталната хигиена и мислам дека едно без друго не оди. Ако сте во мир сам со себе, ако прифатите дека стареете, јас не велам дека жената не треба да се негува, не, треба да се негува, но да не биде тоа во фокусот на нејзиното внимание. Јас сум во ред со годините, со лицето кое се менува, се трудам да изгледам пристојно, но тоа не ми е императив, истакна Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Во последните 10 години некако многу се потенцира тој млад изглед. Не може баба да биде девојка и обратно. Умереноста е клучна и е најважна. во ништо не треба да се претерува, а најмалку во тоа да се остане вечно млад, додаде Јелена.

Ивана од „Виши“ истакна дека користи исклучиво Vichy производи и козметика.

„Vichy“ е за да го подобри вашиот пат до совршенството. Им благодарам на сите кои ни ја дале својата доверба и ова не е маркетинг но верувајте, секој оној кој еднаш пробал „Vichy“ продолжил да ја користи козметиката на „Vichy“, кажа Ивана.

Јас многу сакам да делам компилменти, сакам да сум опкружена со убави луѓе, негувани и ми годи нивната енергија. На Балканот генерално има убави луѓе, и тоа треба да го истакнеме, порача гостинката од Србија при крајот на панел дискусијата.

Последните неколку минути беа резервирани за прашања од публиката.

 

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.